Дарко Лазиќ се исели од родното место, еве каде живее сега со Марина и синот

|

Дарко Лазиќ повеќе не живее во родниот Брестач и се пресели да живее во Белград, пишуваат српските медиуми. Тој заедно со сопругата Марина и синот живеат во изнајмен стан во Нови Белград.

Лазиќ вели дека се преселил од село во град бидејќи мајсторите се уште не ја завршиле неговата нова куќа.

.„Марина и јас повеќе не живееме во Брестач. Го одложивме градењето на куќата бидејќи чекаме подобро време. Ќе продолжиме со работа на лето, а дотогаш ќе живееме во град“ вели пејачот и додава:

„Убаво ни е тука, се имаме во близина. Ми значи и тоа што аеродромот ми е блиску бидејќи секој викенд патувам на настапи“ вели пејачот.

Дарко вели дека е многу радосен бидејќи ги познава соседите во новото маало.

„Ми одговара што со колегите може да се видим во било кое време. Во новата населба ги сретнав Луна Ѓогани и Теодора Џехверовиќ, овде многу пејачи веќе имаат станови“ обаснува Дарко.