Денес и утре избор на собраниски тела и заменици министри – директорските места сеуште се договараат

|

Денеска напладне ќе закаже седница Претседателот на Собранието, Талат Џаферина која на дневен ред ќе биде составот на работните тела на парламентот, а потоа верификацијата на мандат на пратеник на местото на министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

Во Собранието досега се пристигнати законските предлози на Владата за основно и средно образование, како и петте одлуки за вонредната состојба од претседателот на државата, но на оваа седница нема можност за други точки на дневен ред, бидејќи материјалите треба да поминат на комисии согласно деловникот за работа.

На прес-конференција синоќа вицепремиерот на Владата, Артан Грубиго најави дека денеска или утре ќе бидат познати имињата на замениците-министри во новата Влада.

Според Груби, ДУИ ќе има 5 заменици министри и петмина државни секретари.
„ДУИ ќе има заменици министри во Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, Министерството за транспорт и врски, Министерството за здравство и Министерството за правда“, кажа Груби.


За позициите на директори сеуште не се договорени сите детали, но во најава се некои замени помеѓу ДУИ и СДСМ како на пример:АД Пошта со МЕПСО или Фондот за пензиско и инвалидско осигурување со Јавното претпријатие за државни патишта.
Ваква размена на директорски позиции, според Груби, била од причина да бидат „попродуктивни“.