ДЕНЕС И УТРЕ ПРОМЕНЛИВО И СВЕЖО СО ПОДПРОСЕЧНИ ТЕМПЕРАТУРИ ЗА ОВОЈ ДЕЛ ОД ГОДИНАТА – ОД СРЕДА СТАБИЛИЗАЦИЈА И ЗАТОПЛУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО

ИЗВОРНов Лист
|

Денес и утре времето во Македонија ќе се задржи променливо облачно и свежо со повремен локален дожд и со услови за ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 24 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Ќе има услови и за повремен локален слаб дожд, додека температурата ќе се искачи до околу 19 степени.

Потоа од среда се очекува стабилизирање на времето со пораст на температурите на воздухот. Истите ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.