ДЕНЕС РЕЛАТИВНО ТОПЛО – ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ

ИЗВОРНов Лист
|

Денес претпладне времето во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност, додека од попладневните часови облачноста постепено ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, кој во Пелагонија повремено ќе засилува. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно сончево и топло, додека во доцните попладневни и вечерни часови облачноста ќе се зголемува. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 18 степени.

Потоа за време на викендот ќе имаме променливо облачно и посвежо време со сончеви периоди и со услови за повремен локален слаб дожд, додека на планините ќе провејува слаб снег. Утре особено Долж Повардарието ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец и истиот ќе услови пад на температурите на воздухот, особено во недела кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени. Наутро истите на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, односно ќе се спуштаат во интервалот од -8 до 0 степени, особено во недела.

Променливото време со услови за повремен локален дожд и снег на планините ќе се задржи и на почетокот од следната недела.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.