Денов е добар и за нови почетоци во љубовта – Дневен Хороскоп

ИЗВОРНов Лист
|

Овен (21.03 – 20.04)

Нема да можете да се контролирате, па ќе го кажете дури и она што не сте го мислеле. Приватниот живот е премногу комплициран, а за сето тоа можеби и вашиот партнер носи одговорност. Некој ќе ве излаже, со што дополнително ќе ве иритира.

Бик (21.04 – 21.05)

Ве очекува разврска на емотивното поле. Денов е добар и за нови почетоци во љубовта , па соберете храброст и пријдете и на личноста која ве привлекува. Што се однесува до деловното поле тука постои можност за потпишување на договори, трговски зделки или пак можеби некое пократко патување.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Подгответе се однапред денеска ве очекува многу работа. Ако не можете сами побарајте некој кој ќе ви помогне. Не дозволувајте некој злобен колега да ви ги расипе вашите работни планови. Во љубовниот живот не ги сокривајте емоциите, кажете отворено што мислите.

Рак (22.06 – 22.07)

Надворешните збиднувања особено оние деловните ќе ви ја разнишаат емотивната рамнотежа и ќе ве доведат во ситуација во која ќе ви биде многу тешко да го пронајдете вистинскиот пат. Во ваква ситуација, најверојатно ќе го прифатите ризикот, а со тоа можете да прекинете некои многу пријатни работи.

Лав (23.07 – 22.08)

Ве советуваме да бидете што поотворени кон другите луѓе, особено кон оние кои многу ви се важни. Ако нешто не ве остава на мир или поради нешто сте нерасположени, сега е вистински момент да промените нешто. Ова е одличен ден за проучување и самоанализа.

Девица (23.08 – 22.09)

Ве очекуваат големи тешкотии на работен план во следниов период. Задоцнивте поради работите кои не сакате на време да ги видите и сега немате излез од оваа криза. Упатете се кон одредени луѓе кои знаат да ве советуваат. Само во тој случај ќе успеете да дојдете до нови решенија и складност помеѓу соработниците.

Вага (23.09 – 22.10)

Овие денови ќе бидете во ситуација да повлекувате правилни потези и да донесувате успешни заклучоци. Занимавајте се со работа поврзана за договори, учење и се што има врска со јавноста. Успехот е очигледен. Ви претстои можност за одлична соработка со некој Рак.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Во некоја чудна ситуација ќе западнете уште од рано сабајле. Потрудете се да останете мирни и да не реагирате брзо. Не дозволувајте да ве убедуваат да купувате нешто за кое немате потреба. Семејството ќе ви помогне да надминете некои проблеми.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Многу нешта ќе се променат денес, а вие ќе сакате тоа да го споделите со некого. Изберете го многу внимателно човекот со кој сакате да го споделите тоа. Може многу да ве охрабри, но може и да ве разочара. Внимавајте некоја Вага тајно ви крои план.

Јарец (22.12 – 20.01)

Воздржете се од оргиналните предлози и не се обидувајте да протуркате несекојдневни идеи денес. Вечерва најверојатно ќе присуствувате на многу пријатна забава каде ќе имате доволна можност да ја реализирате вашата индивидуалност. Некој ќе ги забележи вашите успеси.

Водолија (21.01 – 19.02)

Ќе имате премногу желби и премалку прилики за нивно остварување. Вашите амбиции не се мали, но околностите ќе ве наведуваат на неопходна соработка со другите. Времето е добро за планирање на нови потфати, но реализацијата можеби малку ќе почека. Немојте да бидете нетрпеливи.

Риби (20.02 – 20.03)

Во очекување сте на вест од некој кој неодамна сте го сретнале и сте разговарале за некоја важна работа. Некој Јарец или Шкорпија ќе се заинтересираат за вашите идеи. Во моментов малку работи се случуваат во ваша корист, не се грижете, се ќе помине во најдобар ред. Ќе добиете прилика да се сретнете со некој Рак.