Избори 2020, ДИК ги отфрли сите приговори, најавени тужби од дел од партиите

|

Членовите на ДИК синоќа на седница едниедногласно ги отфрлија сите 2.142 приговори поднесени од сите политичките партии за изборите. По ова партиите имаат 24 часа да достават тужба до Управен суд, и во рок од 60 часа судот треба да одлучи по овие тужби.

По одлуките од Управниот суд, ДИК ќе ги објави официјалните резултати од изборите. Конститутивната седница во Собранието треба да биде не подоцна од 04 Август 2020 година, согласно роковите од Изборниот законик.

Според досегашните резултати коалицијата „Можеме“ предоведна од СДСМ освои 46 пратеници, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и други 44, Демократската унија за интеграција (ДУИ) 15, Алијанса на Албанците и Алтернатива 12, Левица два и ДПА еден мандат.

Приговорите на Левица беа отфрлени поради немање потпис и печат на истите, а приговорите на останатите партии беа отфрлени поради тоа што истите не биле поткрепени со докази.

Од партијата Левица и од коалицијата „Никогаш Северна, само Македонија“. најавуват дека ќе поднесат тужби до Управниот суд, но не ја исклучуваат можноста и за поднесување на кривични пријави до членовите на ДИК, како што велат – согласно Изборниот законик.