Димитров: Tешко e да се разбере дали ЕУ е сериозна во однос на нас

ИЗВОРНов Лист
|

Македонската влада ќе се обиде да го спречи очајот и национализмот, по бугарското вето и, како што додава, ќе се сврти кон пријателските држави од ЕУ, вели Вицепремиерот Никола Димитров во интервју за австрискиот „Дер Стандард“.

Димитров изјавил: Ако нашиот процес на пристапување се сведе толку многу на билатерален проблем што дискусиите за историјата ќе станат поважни од борбата против корупцијата, независноста на судството, функционирањето на демократските институции, слободата на медиумите, околината и енергијата, тогаш тоа не е процес кој европеизира, туку процес кој балканизира. Затоа нам ни е потребна реформска агенда со мрежа на пријатели кои се тука да ни помогнат и мораме да си поставиме јасни цели и да работиме на нив.

Никола Димитров надополнува-Најпрво бевме блокирани од Грција, но го решивме овој проблем. Потоа Франција покрена нова методологија за проширување и сега постои нов проблем со Бугарија. Навистина е тешко да се разбере дали ЕУ е сериозна во однос на нас. Во март оваа година сè уште имаше зелено светло од Советот на ЕУ – Бугарија беше дел од овој консензус. Потоа, во октомври, добивме многу позитивен извештај од Европската комисија. А што се однесува до политичките критериуми, прилично сме напреднати дури и во споредба со оние земји кои преговараат веќе неколку години.