Дизниленд во Париз ќе се отвори на 15 јули, ама во фази

ИЗВОРНов лист
|

Компанијата „Волт Дизни“ соопшти денеска дека забавниот парк Дизниленд во Париз ќе биде отворен во фази, почнувајќи од 15 јули, неколку дена откако паркот повторно ќе се отвори во Соединетите Американски Држави.

Директорката на паркот во Париз, Наташа Рафалски изјави дека се очекува повторно отворање на Дизниленд паркот, паркот Волд Дизни студио, хотелот Њупорт беј и Дизни селата.

Компанијата ги затвори парковите низ целиот свет поради настанатата ситуација во светот и најави дека Дизниленд во САД ќе се отвори на 11 јули, исто така во фази.

За да се спречи ширење на болеста компанијата ќе воведе задолжително почитување на заштитните мepки, како и промени во начинот на водење на бизнисот. Плаќањата во објектите ќе се вршат со картички, на вработените ќе им се мери телесната температура и ќе имаат обврска да ги покријат устата и носот, ќе треба да се почитуваат мepкитe за социјално растојание, а ќе биде зacилeнa и хигиената и дeзинфeкцијaта.