ДО САБОТА ПРЕТЕЖНО СТАБИЛНО, СУВО И ТОПЛО – ОД НЕДЕЛА ПОПЛАДНЕ НОВИ ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ

ИЗВОРНов Лист
|

До сабота времето во Македонија ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Истиот особено Долж Повардарието повремено ќе засилува. Температурите ќе бележат тенденција на пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 30 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец и истиот повремено ќе засилува. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 28 степени.

Потоа од недела попладне се очекува ново дестабилизирање на времето со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите на воздухот, особено во почетокот од следната недела ќе бележат тенденција на мало опаѓање.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.