Доаѓа нестабилна и влажна воздушна маса – За време на викендот на повеќе места пороен дожд и грмежи, можно е НЕВРЕМЕ

|

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Во попладневните и во вечерните часови локално ќе има развој на нестабилна облачност која ќе биде проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи, засилен ветер а можна е и ретка појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, додека во попладневните и во вечерните часови ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 30 степени.

Потоа за време на викендот ќе биде понестабилно, односно на повеќе места ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ, проследено со СИЛЕН ветер и со појава на град. Услови за попладневна локална нестабилност ќе има и во почетокот од следната недела.

Што се однесува до температурите, тие остануваат МНОГУ ВИСОКИ, и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса која продира од северните предели на Африка, и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 30 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат и малку над 30 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki