Доаѓа убава недела за три знаци од хороскопот

ИЗВОРНов Лист
|

Овој период ни носи силна страст, храброст, самодоверба, но и нови почетоци, а тој носи убава недела за три хороскопски знаци.

Овен – имате силна страст во себе и можете да постигнете што и да посакате

Ова е ваша недела. Добивате појасна слика за тоа што го сакате, а и точно знаете кои луѓе ги сакате покрај себе. Време е да се ослободите од размислувањата и работите кои не ви донесоа ништо добро во изминатиот период и да се подготвите за нови почетоци.

За некои Овни ова е период во кој ќе ги сретнат вистинските луѓе, а ако сè уште не сте ја сретнале својата сродна душа, тоа ќе се случи оваа недела.

Лав – многу авантури се на хоризонтот пред вас

Вашето патување секогаш е интересно бидејќи вие сте огнен знак, но ова е посебно убава недела за вас. Доаѓаат спонтани, неочекувани можности, но и нови луѓе кои ќе ги освоите со својот шарм и интелект.

Стрелец – доаѓа романса за родените во овој знак

Ако веќе не сте заљубени, љубовта доаѓа за вас оваа недела. Ќе бидете погодени од аморовата стрела, а тоа ќе ви дојде како големо изненадување. Едноставно ќе уживате во тоа што се случува и нема да размислувате како ќе течат работите. Тоа е најдобриот пристап, дозволете си само да уживате.