Добри вести ги очекуваат близнаците, позитивен љубовен период за девиците – Дневен Хороскоп

ИЗВОРНов Лист
|

Овен (21.03 – 20.04)

Не ги исполнувате критериумите за промена на работното место. Се наоѓате на почетокот на важен период во кој вашите работи ќе се покренат од мртвата точка. Успевате кај луѓето да предизвикате симпатии. Избегнувајте го никотинот и задимените простории.

Бик (21.04 – 21.05)

Склони сте на донесување на одлуки без многу размислување. Се однесувате премногу тврдоглаво и тоа главно за прашања во домот и семејството. Вашите најблиски го губат трпението кон вас, но тоа не ви пречи многу. Чувајте се од можни повреди во сообраќајот.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ве очекуваат пријатни вести, па можно е од некој од кој сте очекувале непријатност да ви пружи рака на помирување. Немојте да вршите голем притисок на партнерот, согледајте ја малку и другата страна. Ве оптеретуваат повремени проблеми со варењето.

Рак (22.06 – 22.07)

Особено ве радува промената на работното опкружување. Можно е и дополнително напредување. Имате прилика да го наплатите долгот. Во љубовта сте недоверливи и можно е претерано да се сомневате, само на основа на непроверени вести. Можни се проблеми со забите.

Лав (23.07 – 22.08)

Зголемената нервоза и пречи на вашата деловна околина. Финансиската ситуација веќе подолго време ви стагнира. Еден близок пријател ве поддржува во се. Партнерот се однесува чудно, што на вас започнува да ви донесува сомнежи. Можен е проблем со тироидната жлезда.

Девица (23.08 – 22.09)

Преоптеретени сте со работата. Не треба по секоја цена да склучувате нови договори, работи или да потпишувате документи без детална проверка. Во љубовта сте многу романтични и отворени, што кај партнерот ќе предизвика позитивни реакции. Можна е несоница.

Вага (23.09 – 22.10)

Не размислувате доволно кога станува збор за новите работи кои ви се нудат. Личноста со која сакате да започнете бизнис е прилично недоверлива, па чувајте се од можни измами. Љубовниот живот не е сјаен, главно поради нагласената нервоза.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ви се препорачува повеќе да се потпрете на сопствените ставови, особено доколку се работи за колегите кои се на повисоко ниво од вас. Прифатете ги само фактите кои ви одговараат. Склони сте на конфликти во односите со партнерот.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ве радуваат работите кои за вас претставуваат предизвик. Со партнерот не сте во состојба да најдете заеднички јазик, можно е да станува збор за инаетење или некоја нерасчистена сметка од минатото. Не гледате начин како да го исфрлите наталожениот стрес.

Јарец (22.12 – 20.01)

Некој на директен начин сака да ја придобие вашата доверба. Можете лесно да донесете лоша деловна одлука која може многу скапо да ве чини. Партнерот ќе ви поставува речиси невозможни барања. Ја преувеличувате здравствената состојба.

Водолија (21.01 – 19.02)

Сакате да ја решите непријатната ситуација настаната на работа. Некој упорно се обидува да ви биде камен кој ќе ви отежнува, турнете го слободно. Ситуацијата во вашиот дом станува прилично досадна и полна со наталожено незадоволство. Постои ризик за слабокрвност.

Риби (20.02 – 20.03)

Чувајте се од лицата кои ви ласкаат. Склони сте на претерано инвестирање во себе. Сакате да водите разговори кои не носат ефекти, освен доколку не се работи за некои крајно периферни проблеми. Партнерот од некоја причина ќе започне да ве игнорира. Можни се уринарни проблеми.