Доктор Дре се разведува по 24 години брак

ИЗВОРНов лист
|

Очигледно оваа година адвокатите во познатите се прилично со полни раце работа. По 24 години брак, познатиот американски рапер Доктор Дре поднесе документи за развод од сопругата Никол Јанг.

Подробности сѐ уште не се соопштуваат. Како двојката, така и нивните застапници сѐ уште не дале свој коментар за јавноста.

Андре Јанг (55) и Никол заедно имаат две деца: синот Трус и ќерката Трули. Доктор Дре денес има и четири други деца од претходно, а неговиот син Андре Јанг Помладиот загина во 2008 година во сообраќајка, кога имал 20 години.

Никол Јанг претходно беше мажена за НБА-кошаркарот Седал Трит.