Сѐ што правите на интернет се следи и се запишува – сите зборуваат за овој нов документарец (ВИДЕО)

|

Најновиот документарен филм на режисерот Џеф Орловски – „Социјални дилеми“ (The Social Dilemma) е причина за огромен број реакции на интернет, во врска со тоа колку луѓето знаат и не знаат за Фејсбук, Твитер, Инстаграм и другите социјални мрежи, и што во позадина се случува.

Овој филм е достаен на платформата Нетфликс и истиот содржи ставови и мислења на повеќе експерти за опасностите кои демнат од употребата на социјалните мрежи.
„Откако го изгледав филмот „Социјални дилеми“ ми дојде да го фрлам мојот телефон преку прозор. Извлеков два заклучока: 1. Ако не беа милијардерите, ние немаше да сме во оваа положба; 2. Социјалните мрежи се најголемата закана”, напиша Твитер-корисникот @lidlbigthings.

Џеф Зајберт кој е поранешен извршен директор на Tвитер вели: „Сакам луѓето да знаат дека што и да прават на интернет – тоа се следи и се запишува. Се знае буквално се, па дури и кои слики колку време ги гледате“

„Филмот е да се извадиш од памет. Но, тој ја прикажува самата вистина. „Производот кој се продава – тоа сте самите вие“ е неговата идеја, и тоа е наједноставно кажано. „Производот“ е постепената промена во вашето поведение и на вашето размислување под влијание на социјалните мрежи кои ги користите”, објави корисникот под Твитер-назив @shivamkimothi.