Д-р Горан Трајковски: Мислам дека не сме способни да водиме држава, треба да ја замолиме Германија да не земе под нивно водство

ИЗВОРНов Лист
|

Горан Трајковски, Доктор специјалист интернист кој е еден од многуте доктори кои својата иднина си ја побара во Германија, се огласи преку својот профил на инстаграм по повод случувањата во Тетово и порача:

Незнам што да кажам, големо сочувство до фамилиите ова е голема иронија, во храмот на животот, на местото каде што одиш и велиш еве ти го мојот живот спаси ми го. Се доверуваш на докторите, на болницата на државата и таму заминуваш на другиот свет во пожар е тоа е луѓе иронија.

Славиме независност, која независност, се удираме во градите, се храниме  со патриотизам и која независност, кога условени сме да смениме и устави и знамиња и имиња и гаќите да си ги смениме. Откако се одвоивме од  Југославија, во Македонија се нема случено ништо позитивно, мора да го прифатиме фактот дека не сме способни да водиме држава. За овие 30 години не се најде ниту еден политичар да рече ајде еве ќе крадам, ама ќе дадам нешто и на овој народ нека има. Не луѓе такво нешто нема. Да си лапнеш некое тендерче, за да изградиш нешто, ќе го направиш колку што е можно по неквалитетно и тогаш мој пријателе си добар бизнисмен.

Целиме кон Европа, ма дај ве молам, целиме кон Индија, Африка, гледаме такви серии, да се навикнеме на стандардот.  Усепавме да направиме два здравствени системи, едноиот приватен другиот државен, еден каде што ќе ти се обратат да господине и повелете господине, не треба да чекате, ќе ги добиете сите резултати и ред друго. Но ако немаш пари ти господине, ти ќе отидеш во државните болници каде што ќе добиеш резултати на машините што останале од времето на Југославија. Тоа си го прифативме.

Јас мислам дека ние не сме способни да водиме држава, мислам дека треба да ја замолиме Германија да не земе под нивно водство. Ќе се викаме Република Северна Македонија на Германија, и мислам дека ќе биде многу подобро од сега. Полошо сигурно нема да биде.