Драстично зголемено нивото на водата во реките

ИЗВОРТелма
|

Нивоата на реките се драстично зголемени по врнежите што изминативе денови ја зафатија земјава. Некои се дури речиси шест пати над просекот за јануари.

Според денешните хидролошки мерења, надојдени се Вардар, Треска, Лепенец, Пчиња, Бабуна, Брегалница, Струмица, Црна и Сатеска.

ОД УХМР велат дека и денеска ќе се задржи облачно време со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни и поројни, дури проследени и грмежи. Ќе дува умерен, а во повисоките места повремено засилен ветер, претежно од југозападен правец.

Иако, се уште нема излевање на реките, постои опасност зголемување на водостојот на поголемите реки.