ДУИ упорни за субвенции за етнички вработувања – така ќе сме се зближеле

|

По Артан Груби, денес и Министерот за економија Бектеши, настапи прилично уверено дека вработувања по етнички клуч со државни субвенции сепак ќе има. Оаа мерка е дел од владината програма и ќе се реализира и тоа не било кога, туку почнувајќи од нова година.

Ако сопственик на приватна компанија е Албанец и одлучи да вработи Македонец, за тоа ќе добие субвенции од државата, исто и ако сопственик е Македонец кој ќе ангажира Албанец во својата компанија.

„Тоа ќе биде направено на инклузивен начин и граѓаните на таков начин ќе се доближат што повеќе.Оваа мерка ќе се реализира зошто е обврска што произлегува од владината програма што е усвоена во собранието и нема отстапка од владината програма“ изјави Минситерот за економија.

Тој најави деа ќе направи се што е во негова моќ како министер, за оваа мерка да се обезбедат пари уште во наредниот буџет и мерката да почне да се реализира што поскоро односно најдоцна до нова година.

За оваа владина мерка прв зборуваше Артан Груби, и тоа дека владата ќе дава пари за да се вработуваат албанци. Потоа Премиерот Заев, ја дополни дека ќе важи и за македонци од општини каде што се малцинство. За разлика од нив Битиќи отфрли субвенции по етничка линија, односно за него најбитни се стручноста и професионалноста а не националноста.

Граѓаните бурно реагираа на ваквата идеја за вработување по етнички клуч особено што се однесува и на приватниот сектор. Недопустливо е власта да се меша во приватниот сектор и да се дискриминираат работниците по етничка основа.