Две лица од струшко добија кривична пријава за вршење такси превоз без лиценца

ИЗВОРНов Лист
|

Кривични пријави поради вршење јавен превоз без лиценца, добија две лица од струшкото село Радолишта. СВР Охрид соопшти дека при контрола на полициски службеници за безбедност во патниот сообраќај две лица биле затекнати при превоз на патници без да поседуваат лиценца за вршење на општински такси превоз на патници во внатрешниот патен сообраќај.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против двете лица, двајцата од струшкото село Радолишта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“.

Според изјавата на портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, при контрола на 20 октомври годинава на улицата „Маршал Тито“ во Струга, полициските службеници ги затекнале при превоз на патници, и тоа првопријавениот со такси возило „Мерцедес“, а второпријавениот со такси возило „Сеат“, без да поседуваат лиценца за вршење на општински такси превоз на патници во внатрешниот патен сообраќај.