Џејми немал ни 18 години кога ја запознал жената на својот живот, а од првиот бакнеж тие се неразделни

|

Популарниот Џејми Оливер, според пишувањето на странските медиуми, сопругата Џулис ја запозал кога и двајцата биле на чекор од полнолетство.

Во една прилика тој се пошегувал дека нејзе ѝ било жал и дека неговата сопруга “паднала“ на тоа.

Тој се присетува во времето коа го возел друштвото со кое заедно требале да одат на кино, па се судрил со автомобил, а Џулис сето тоа го видела.

„Нејзе за мене ѝ беше жал. Помисли: „Како вози овој, нему во животот ќе му треба многу поддршка“ – се пошегувал Џејми.

Во текот на вчерашниот ден Џејми ги запрепастил сите со нејзината фотографија од деновите кога се занимавала со моделиг. Тој ја објавил по повод нејзиниот 45-ти роденден.

Џејми во бракот со Џулис добил 5 деца.

„Среќен роденден на мојата сопруга Џулис која денес полни 45 години. Оваа фотографија е од времето кога имаше 18 години. Таа е мила, неверојатна личност и исклучително сум горд што ми е сопруга, а покрај тоа е многу секси!“ – напишал Џејми.