Џордан не штедеше пофални зборови за Дончиќ: Лука е феноменален!

|

Лука Дончиќ е еден од кошаркарите кои ќе доминираа во НБА-лигата во следните години, а Словенецот тоа почна да го покажува и со своите настапи сезонава.

Пофалби за одличниот Словенец пристигнуваат од сите страни, а еден од тие кои го пофалија беше и легендарниот Мајкл Џордан.

„Лука е феномнален кошаркар и ќе биде уживање да се гледа неговиот развој во НБА“, кажа Џордан.

Дончиќ синоќа се врати на паркетот откако имаше неколку дена проблеми со повреда на зглобот, па во победата на Далас против Сан Антонио, тој постигна 24 поени и 10 скокови.