Едноставен тест: Одберете симбол и дознајте каква личност сте

ИЗВОРНов Лист
|

9 различни симболи и 9 различни типови на карактери. Кој е вашиот симбол? Одберете и проверетe што кажува за вас.

1. Сакате слобода

Слободата за вас е најважна – за вас нема ништо полошо отколку чувството на заробеност. Немате ништо против промена на работното место или преселување во друг град, бидејќи вас едно место не ве држи. Слично е и со врските- луѓето ве гледаат како личност која најмногу ја цени слободата и дише со полни гради, и е во согласност со мотото „Само еднаш се живее“. Привлечни им сте на луѓето кои имаат помалку енергија од вас. Едноставно кажано – вие сте здив на свеж воздух.

2. Независни и неконвенционални

Вашиот стил на живеење е индивидуалистички. Не ја следите масата, туку живеете во согласност со сопствените идеи и верувања, дури и тогаш кога значи дека се издвојувате од другите. Барате слобода и независност кои ви овозможуваат сами да го одредите вашиот курс. Во некои сегменти на работата или слободното време, врзани сте за уметноста. Вашиот нагон за слобода понекогаш предизвикува да правите спротивно на она што се очекува од вас. Едноставно кажано – вие живеете на свој начин.

3. Чувствителни и замислени

Вие сте во состојба да бидете со часови сами со вашите мисли и да не ви биде досадно. Мразите површност и порадо би биле сами отколку да трпите дружење и разговори кои немаат смисла. Вашите односи со пријателите се силни, што ви дава внатрешен мир и хармонија. Кога сакате, сакате длабоко, но доколку саканата личност ве изневери, нема лесно да и’ простите. Вашата душа живеела многу животи пред овој, така што сте виделе многу. Она што ви треба е да се насочите на важните работи и да ја пронајдете смислата на постоењето.

4. Приземни и шармантни

Имате автентичен шарм, а она што ќе го посакате, тоа и обично го добивате. Луѓето ви се воодушевуваат бидејќи ве гледаат како комплетна личност. Цврсто стоите на земјата со двете нозе и другите можат да се потпрат на вас. Додека другите ги комплицираат своите животи со дилеми и изговори, вие сте на чисто со вашите постапки. Вие сте како карпа, а иако некои не сакаат да признаат, вие сте сонцето околу кое другите се вртат. Вие сте личност на која и’ е важна суштината.

5. Стручни и самоуверени

Вие преземате одговорност за вашиот живот. Повеќе верувате на вашите способности и делување, отколку на среќата. Проблемите ги решавате практично и едноставно. Реално гледате на работите во животот и ги решавате без многу врева. Во работата сте одговорни, а кај другите влевате самодоверба. Вие сте родени да бидете лидери и организатори. Иако сте добар тимски играч, најдобри резултати ќе имате доколку водите некој тим.

6. Смирени и безвременски

Кај вас се’ е лежерно, но и дискретно. Поседувате одредена безвременска елеганција од типот на Одри Хепберн. Иако без напор склопувате пријателства, во состојба сте да ја зачувате приватноста и независноста. Со текот на времето сакате да размислувате за смислата на животот. Кога ви треба простор, одите во самотија. Вашиот однос кон самите себеси и светот е јасен, го цените животот и сте благодарни на она што го добивате од другите. Имате силни животни цели.

7. Културни и класични

Вие сте културна и класична личност која цени она кое што не може да се купи со пари – квалитетен разговор, оригинални идеи, музика и уметност. Имате смисла за фер игра – обично ги гледате и двете страни на паричката. Ретко дозволувате да ве водат емоциите, повеќе сакате работите да ги гледате и процените рационално. Тивки сте, имате голема смисла за логика и притоа сте сочувствителни и љубезни. Тоа се оние „старомодни“ начела кои човек го прават господин/дама. Вие сте безвременски – класика, личност на која многу и’ се восхитуваат и сакаат да ја копираат.

8. Чувствителни и спиритуални

Вие сте чувствителни и спиритуални, а животот не го гледате само од рационално гледиште. Имате силна интуиција и верувате во вашите чувства. Секогаш морате да имате некои соништа кон кои тежнеете, во спротивно нема да бидете среќни. Сакате да работите на себеси и да дадете придонес за подобар свет, макар и во најмала мерка. Сакате да се дружите со луѓе кои имаат отворена душа, кои веруваат дека животот е многу повеќе од тоа што гледаме, слушаме или чувствуваме. Едноставно – имате изразено шесто сетило.

9. Динамични и мотивирачки

Вие сте двигател и мотиватор. Спремни сте да ризикувате за да ви биде поинтересно. Рутината ве парализира. Мора да ви дадат прилика да ги изразите вашите идеи и да ги претворите во дело. Имате способност да ги развеселите другите, дури и во најтешките моменти. Следете го вашиот ентузијазам бидејќи за вас патувањето е исто важно колку и дестинацијата.