Едноставен трик: Вратете и ја свежината на облеката користејќи само една состојка која сигурно ја имате во вашиот дом

ИЗВОРНов Лист
|

На многу едноставен начин вратете ја свежината на облеката.

Алиштата закачете ги на закачалки, па од растојание од 15 сантиметри, испрскајте ги со чиста вотка. Најдобро е вотката да ја ставите во распрскувач.

Кога гардеробата ќе биде влажна од вотката, оставете ја да се исуши добро и ќе видите дека нема повеќе да има устоен мирис, но ни мирис на алкохол.

Алкохолот ги уништува сите бактерии кои предизвикуваат непријатен мирис.

Користете го овој трик на материјали како што се волна, памук и полиестер, но не се препорачува за кожа, свила или други поскапи ткаенини.