Емилија Динева од Стар Дојран – жената која ја сплоти цела Македонија

|

Емилија Динева по потекло од Јосифово, а која со сопругот и фамилијата живееше во Дојран, е жената чие срце и бубрези се донирани на тројца пациенти.

Семејството на Емилија Динева е храбро, но и скршено од болка. Во најтешките моменти донеле храбра одлука со која три животи се спасени. За порталот Читај.мк, додека сѐ уште се немаа збогувано засекогаш со најмилата, семејстовото кратко изјавија дека и други треба да го следат нивниот пример.

Во најтешки мигови тие се одлучиле дека е најдобро да се донираат здравите органи со цел да се спасат други човечки животи. Срцето на Емилија од денеска чука во градите на 54 годишен пациент.

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска беше во посета на пациентот, на кој му беше трансплантирано срце.

На експлантацијата работеле др Марјан Шокаровски и др Александар Колевски од Клиниката за државна кардиохирургија, др Александар Николиќ од Аџибадем Систина, а од КАРИЛ анестезијата ја воделе др Маја Мојсова Мијовска, др Весна Дурнев и др Билјана Андоновска.

Трансплантацијата на срцето ја работеле проф. др. Сашко Јовев и академик Жан Митрев заедно со др Васил Папестиев, Др Марјан Шокаровски, др Ванѓел Здравески, др Кјутим Џелили, др Тања Анѓушева, др Никола Христов, др Стефанија Хаџиевска, Др Надица Мехмедовиќ, др Весна Миташова, Др Јасмина Илиевска, др Марија Гераковска и др Димче Славевски од Аџибадем Систина.