Фатени на дело: Милан Поповиќ и судијката што ѝ го одзеде старателството на Северина, заедно на скијање

ИЗВОРНов лист
|

– Стигнавме во хотелот во сабота на 4-ти јануари и не сум сигурна дали се видовме истата вечер или следното утро во хотелското лоби. Јас бев со семејството, а тој беше со детето и поголемо друштво. Моравме да се поздавиме четири или пет пати затоа што се сретнавме во хотел кој има еден ресторан, но никогаш не седевме на иста маса, разговаравме за нешто друго освен вообичаено поздравување – потврди судијата на Загребскиот општински суд, Теа Голуб , која донесе пресуда со која му се додели старателството на заедничкиот син на Северина Којиќ и Милан Поповиќ, само на таткото.

Судијката Голуб со сопругот и ќерката и Милан Поповиќ со нивниот син се сретнаа во истиот хотел „Falkensteiner“ во австрискиот ски-центар „Katschberg“, едно од најпопуларните ски-центри за Хрватите.

– Улативме за скијање уште пролетта и што требаше да не одиме? – вели судијката, која ни потврдува дека имало свои колеги и адвокати во Загреб во хотелот кои можеле да ги видат, но таа вели дека освен што го поздравила Милан Поповиќ, немала друга форма на комуникација со него, ниту била во друштвото каде што бил тој, вели таа, но со нејзиното семејство биле дел од едно поголемо друштво.

Свесна дека нејзините колеги судии и адвокати очигледно ја виделе во истиот хотел во кој престојуваше Милан Поповиќ, судијката Голуб не се ни обидуваше да негира дека била во тој хотел и за „Јутарњни.хр“ објасни како се случиле овие средби за време на еднонеделниот престој во скијање.

Хотелот се наоѓа веднаш до главната скијачка патека и чини околу 3000 евра неделно за двајца возрасни и дете според ценовникот во сезоната на скијање.

Судијката Теа Голуб издаде привремена мерка на 28-ми ноември и донесе правосилна пресуда детето да живее со неговиот татко, српскиот тајкун Милан Поповиќ, и дека таткото самостојно ќе се грижи за здравјето и образованието на детето.

Судијката Голуб не прецизираше на која адреса ќе живее момчето. Милан Поповиќ веќе двапати извадил патен документ на Република Србија за седумгодишното момче, а Северина Којиќ тврди дека тоа го сторил без нејзина согласност и веќе ангажирала адвокат во Србија да испита кој и под какви околности го направил тоа за нејзиниот син, кој е хрватски државјанин.

Пејачката Северина Којиќ ја обжали пресудата на триесет страници. Судијката Голуб го испрати досието со жалбите до Окружниот суд Сплит на првиот работен ден по враќањето од скијање во понеделникот.