ФИФА го одложува доделувањето на награди како знак на жалост и почит

ИЗВОРНов Лист
|

По објавата на сите номинирани за наградите „The Best“ кои ги доделува ФИФА, светот го шокираше веста за  легендата, Диего Армандо Марадона. ФИФА одлучи да ја одложи церемонијата на доделување на наградите, која беше закажана во декември, пренесе „Марка“.

Знак на жалост и почит а причината на одложувањето на церемонијата. Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино и неговиот тим наскоро ќе го објават форматот и денот на доделувањето на наградите, но по вестта за Марадона, ФИФА верува дека не е време да се размислува за награди или нешто слично.