Го урна Инстаграм: Карлеуша како Памела Андресон (ФОТО)

|

Српската пејачка Јелена Карлеуша периодов како и години наназад постојано е во центарот на вниманието во медиумите.

Таа пред некое време извести преку социјалните мрежи дека конечно се разведува од поранешниот фудбалер Душко Тошиќ па сега ужива на одмор сама.

Таа секојдневно објавува фотографии од својот одмор во Турција, а фановите не можат да се наситат.

Овој пат таа објави фотографија во стилот на актерката Памела Андерсон кога глумеше во серијалот „Чувари на плажа“.

Имено Карлеуша во едноделен костим за капење, со голема дупка кај стомако и град ите позираше и фотографијата ја објави на својот Инстаграм профил.