Големи колони со возила утрово на влезот на Скопје во Автокоманда

|

На патниот правец Куманово-Скопје, на влезот од главниот град, изутринава се создадени долги колони возила.
Поради реконструкцијата на булеварот „Александар Македонски“, на кој од трите ленти, функционална е само една, дојде до ваков метеж.


Од Град Скопје апелираа возачите да ги користат алтернативните приоди и сообраќајници за влез во градот, пред сè поради големата реконструкција на булеварот „Александар Македонски“, и посочија да се користи обиколницата доколку може.
Според очевидци се чека и до половина час за да се излезе од сообраќајниот хаос. Се апелира за трпеливост во сообраќајот поради тоа што сите брзаат за на работа ова утро.