Горан Бреговиќ издава нов албум! Музичарот најде инспирација во литургијата на три религии!

ИЗВОРНов Лист
|

Горан Бреговиќ кон крајот на месецот го објавува новиот албум „The Belly Button of The World“. Пејачот рече дека за време на пандемијата ја добил идејата и инспирацијата за оваа необична комбинација базирана на христијанска, еврејска и муслиманска литургија.

Не можејќи да оди на турнеја, Бреговиќ ја искористи можноста да сними албум со пет музички дела инспирирани од религијата.

-Без разлика дали сте во црква, синагога или џамија, се менува само позадината, молитвата останува иста – рече Бреговиќ.

– Добив нарачка од базиликата Сен Дени во Париз, која, благодарение на отсуството на турнеи, се претвори во пет дела снимени за време на пандемијата, напишани за три соло виолини, оркестар, секстет од машки гласови и мојот бенд. Инструментот е ист, но секој од нив ја изразува својата индивидуалност. Истото се случува и со религиите – изјави музичарот.

Во издание на „Класик рекордс“ албумот е достапен на дигитални платформи, а во музичките продавници ќе пристигне на крајот на месецот како ЦД издание.