Хамилтон со уште една победа ја заокружи шампионската сезона

|

Луис Хамилтон ја заврши Формула 1 сезоната во голем стил, победувајќи на трката во Абу Даби, на која имаше предност и со освоената пол-позиција во вчерашните квалификации.

Возачот на Мерцедес ја оствари единаесеттата победа сезонава и само ја зголеми предноста во однос на ривалите во конечниот генерален пласман, а на подиумот друштво ќе му прават Макс Ферстапен и Шарл Леклер, по редослед каков што имаа и во квалификациите. 

Валтери Ботас го освои четвртото место иако стартуваше последен, а Себастијан Фетел во самиот финиш успеа да дојде до петтото место во дуелот со Алекс Албон.

Пласман во Топ 10 обезбедија и Перез, Норис, Квијат и Саинц.