Херојот од Тетово – Мартин лежел со температура 39.8, но не се двоумел да скокне и да го спаси соседот

ИЗВОРНов Лист
|

Мартин од Тетово, е младото момче кое му го спаси живото на својот сосед за кое речиси цела Македонија веќе слушна.

Приказната на сопственикот на куќата во која пред некое време во Тетово започна пожарот, да не била големата храброст на младото момче сигурно ќе завршла различно.

Момчето храбро влегло во куќата на личен ризик, но како велат, храбрите ги прати среќата, па така успеало да го спаси својот 50- годишен сосед. Мартин не сакал да се знае за неговото храбро дело, но пред камерите раскажа што се случувало таа ноќ.

– Имав темепратура 39.8 кога дојде комшивката да ми побара маска за нејзиниот сопруг да влезе да го спаси соседот. Набрзина се облеков не се ни двоумев и веднаш се упатив кон соседот, му рековме да скокне но тој не сакаше, и потоа влеговме внатре и успеавме да го спасиме.

– Воопшто не размислував за можните последици, едноставно влегов и го извадив соседот, тој го реше, но некако успеав да го изгасам, мафтав со друга облека. Брат ми влезе и воопшто не се двоумеше, и тој успеа да го спаси соседот од сигурно заминување на другиот свет, вели братот Оливер, кој сведочи за случката.

Соседите имаат само пофални зборови за Мартин, кој помагал и во други ситуации. А негова желба е еден ден да стане пожарникар.

– Осум месеци работам во пекара и живеам само со мајка ми, татко ми е на другиот свет од пред пет години. Ако ми се пружи шанса би работел како пожарникар. Пред се затоа што не се плашам од предизвици и би прифатил секако.  Се чуствувам одлично, и сум свесен што сум направил, спасив човечки живот и апелирам на секој да ја искористи секоја можност да помогне, вели Мартин.