Хороскопски знаци кои премногу сакаат да ја извртуваат вистината

ИЗВОРНов Лист
|

Овен

Овните обожаваат да претеруваат и го прават тоа многу добро. Ќе биде тешко да ги фатите во лага, па дури и ако тоа се случи, нема да се извинат. Тие секогаш сакаат да зборуваат за себе дека се многу подобри отколку што навистина се, а со тоа доаѓа и многу измисени работи што никогаш не се случиле.

Близнаци

Близнаците лажат затоа што се мрзеливи да ја кажуваат вистината, особено кога станува збор за потешки ситуации. Тие дури и нема да се обидат да разјаснат туку ќе продолжат со лагите. Ако сепак, ги фатите во лага, тие само ќе се насмеат и ќе ве обвинат дека сигурно и вие лажете понекогаш како нив.

Водолија

Тие изгледаат како вистински дебелокожци, а всушност се кукавици. Тешко им е да се соочат со вистината, па затоа тие ја „омекнуваат“ со лаги. За нив не е проблем да ги лажат ни своите најблиски, дури и ако знаат дека ќе ги повредат со своите постапки. На крајот на денот, тие кажуваат толку многу лаги што и самите почнуваат да веруваат во нив.