(ФОТО) Ибра се одјави од МЛС во свој стил: Одете сега гледајте безбол!

|

Со објава на Инстаграм, Златан Ибрахимовиќ официјално потврди дека си заминува од МЛС, а подоцна и Лос Анџелес Галакси објави дека тој не е повеќе играч на овој клуб.

Како што и се однесуваше овие две години, Швеѓанецот така и се одјави – дрско и безобразно.

„Дојдов, видов, покорив. Благодарам ЛА Галакси што ме направи повторно жив. На навивачите на Галакси: го сакавте Златан, ви го дадов Златан, нема на што. Приказната продолжува… Сега одете да гледате безбол“, напиша Ибрахимовиќ алудирајќи на тоа дека фудбалот во САД повеќе нема да биде интересен без него, па Американците можат повторно да се фокусираат на нивните „национални“ спортови.

Нејасно е само што покорил Златан во двете сезони во Лос Анџелес. Не освои титула во МЛС, не беше најдобар стрелец ниедна сезона, а не доби ни некое индивидуално признание. Лани не успеа ни да се пласира во плеј-офот, а оваа сезона загуби во четвртфиналето.