Или го сакате или го мразите – овој хороскопски знак знае сѐ за вас

ИЗВОРНов Лист
|

Околу неговата личност кружи неодгатлива мистерија, поради што многу често погрешно е сфатен. Тој имаат прекрасен интензитет, што објаснува зошто во некој миг го сакаме а во некој го мразиме.

Тоа е знакот Шкорпија.

Постојат многу нешта кои треба да ги знаете за Шкорпиите, ова се едни од нивните посебни особини. Кога се заљубени тоа го прават со жесток интензитет, но прво мораат да го отпуштат нивниот речиси непробоен став. Тие многу внимателно одбираат на кого да му го дадат своето срце. Најголем страв им претставува тоа да бидат предадени кога еднаш ќе го отворат своето срце.

Шкорпијата ужива во дружењето, но не сака површни разговори. Кога ќе запознае некоја личност на забава тој може да биде интровертен и екстровертен, зависи од темата на разговор која ќе го привлече неговиот интерес. Кога се чувствува добро, ангажиран е расположен, покажува одлична смисла за хумор а може да биде и самиот живот на забавата.

Шкорпиите сакаат да водат длабоки и темелни разговори, немаат време за муабетење и површни дискусии. Тие се директни и тактични.

Шкорпиите имаат остра смисла за хумор, која за некои може да биде и навредлива, но смешна за другите. Ако сте чувствителни, тие можат да ве шокираат или да ги повредат вашите чувства. Нивната интелигенција и стил на хумор им дава можност да видат иронија во било која тема.

Тие по природа се многу таинствени и никогаш во потполност не ги откриват своите најмрачни тајни. Ако чувате тајни тие ќе ги дознаат, тој дар ги прави одлични детективи.