Исповед на ќерката на Аркан од првиот брак: „Со Цеца не се прави муабет“

|

Ќерката на Аркан, која тој ја добил од врската со социјалната работничка кој се грижела за него во белгискиот затвор додека тој таму издржувал казна, се осврна на нејзиниот однос со фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ, за која вели дека е тешко да се разговара за поделба на имотот кој Аркан го оставил.

„Родена сум во Гент, а не во Брисел и живеам во таа област. Во животот на татко ми сум присутна уште од дете. Родена сум во 1979 година и мајка ми од раѓање ме одведе во затворот кај татко ми. Кога бев на одмор често доаѓав кај баба ми и тетка ми во Србија. Татко ми Аркан во еден момент исчезна од животот на мајка ми и таа повеќе не се слушна со него“ – изјавила на почетокот Софија, која била повредена од написите дека нејзиниот татко за неа дознал дури во 1991 година.

„Тато редовно ми испраќаше фотографии. Кога се ожени со Цеца, мајка ми му испрати честитка и му посака се’ најдобро. Имав околу петнаесет години. Тогаш дознав дека тој е мојот биолошки татко. Од 1995 година често доаѓав во Белград и го поминував времето со татко ми и неговата сопруга Цеца и другите членови на семејството“ – изјавила Софија.

„Жал ми е што Цеца не може да разговара како сериозна, одговорна личност и отворено да каже што навистина се случило. Ние го сакаме само она што ни припаѓа, а тоа е дел од нашиот татко. Во Европа секој добива дел од наследството. Нашиот живот штотуку започна и ние исто така сакаме да продолжиме понатаму и секое нешто што ни следува е повеќе од добредојдено. Аркан не беше само сопруг на Цеца туку и наш сакан татко“ – децидна е неговата ќерка Софија.