Како резултат на лошите временски услови кои предизвикаа елементарна непогода на територијата на град Скопје, дојде до излевање на вода од атмосферската канализација на уличната мрежа, која предизвика поплавување на подземните нивоа на трговскиот центар.
Во овие услови, менаџментот на трговскиот центар донесе одлука да го затвори центарот за јавноста, и да ги евакуира посетителите и вработените.
Согласно усвоените сценарија за безбедност и заштита во услови на елементарна непогода, трговскиот центар беше евакуиран за кратко време.
Во моментов, заради безбедност на посетителите, возилата во подземната гаража на трговскиот центар ќе останат паркирани, се до исцрпување на водата.
Техничките служби во трговскиот центар во моментот работат на исцрпување на водата од подземната гаража. Овие активности ќе траат во текот на целата ноќ.
Инаку како резултат на водата која се собра во подземниот паркинг, на еден од катовите падна кровната конструкција, но за среќа без поголема човечка штета или штета на автомобилите.