Истанбул – градот во кој може да се чувствувате како султан или како Џејмс Бонд

|

Истанбул, градот на два континента отсекогаш ги привлекувал луѓето и тоа не е непознат факт. Штом стапнеме во Истанбул започнува нашата потрага за познатите контури кои ги гледаме на турските серии.

Или пак по трагите на некогашното царство, султанот Сулејман и други. А, можеби не сме пошле да бараме нешто одредено туку само да шетаме и да поминеме убави денови во амбиент кој го спојува истокот и западот, новото и старото, модерното и традиционалното.

Секако дека таму треба да се посетат сите важни знаменитости и Аја Софија и Топкапи и Долмабахче палатата. Но, таму секако дека се оди за да се доживее Истанбул. Нема поголемо доживување од тоа да се седне во автентичната турска кафеана на Султанахмет.

Турската кујна е феноменална. Турците многу го сакаат така нареченото “мезе“ (во мала чинија добиваш од сè по малку), а погледот каде што ќе го јадете тоа секако дека е феноменален и импресивен.

Доколку седнете да вечерате на мостот Галата тогаш ќе гледате како Месечината се “движи“ низ минарињата на џамијата на Султанахмет.

Гран базар е еден од најголемите и настари пазари на светот. Тој е толку многу голем што ви изгледа дека нема излез од него.

Во Истанбул погледот кон морето и бродовите и траектите кои пловат по него е неверојатен.

Траектот е јавен градски превоз во Истанбул и е прекрасна идеја за да стигнете од еден до друг крај на градот.