Игор Стефановски – Иџе најдобар и на втората трка во Португалија

ИЗВОРНов Лист
|

Македонскиот возач продолжува да доминира во португалската Брага на патеката „Рампа дал Фапера“ во Европскиот шампионат на ридски патеки.

Игор Стефановски – Иџе ја освои повторно првата позиција (1 категорија) овојпат со остварено време 2:16.296.

Стефановски беше најбрз во својата категорија и класа, откако со својот автомобил Хјундаи И30 извозе време од 2:16,121. Иџе ја победи конкуренцијата, го остави зад себе Томислав Мухвиц од Хрватска со задоцнување од 0:02,017, додека трета заврши Габриела Кореиа со својот Мерцедес.