Избегнете ги – На овие три локации во Скопје има најголема гужва, а овие улици се затворени

|

ЦУКС известува дека во овие утрински часови поголем број на возила се забележува долж:

-ул. Свети Кирил и Методиј кон бул. Водњанска, бул.Свети Климент Охридски кон бул. Партизански Одреди, бул. Киро Глигоров во двете насоки.

Булеварот „11 Октомври“ денеска повторно е затворен за сообраќај. Затворен е делот од булеварот пред Собранието, односно од крстосницата кај Црвен Крст до Порта Македонија.

Сепак се очекува во текот на денот, за сообраќај да биде затворен и делот од Порта Македонија до Палома Бјанка (Рекорд/Ловец).

Пред Собранието се поставени и шатори и дел од луѓето кои протестираат изминативе денови се останати пред законодавниот дом. Забележливо е и поголемо полициско присуство.