ЈАВЕН ПОВИК: Граѓаните може да аплицираат за клима – Ова се условите

ИЗВОРСкопје24
|

Градот Скопје соопшти дека како една од мерките против загадувањето на воздухот, денеска го објави јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за купување инвертери и други современи уреди за затоплување.

Со јавниот повик, како што се посочува, се опфаќаат сите инвертер клима уреди кои се купени од 1 јануари и ќе трае заклучно со 30 ноември или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена.

Субвенционирањето на граѓаните на подрачјето на Град Скопје за набавка на посовремени уреди за затоплување за 2019 година ќе се финансира од Буџетот на Град Скопје за 2019 година. Висината на субвенцијата ќе биде во износ од 50 отсто од вредноста на уредот, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход, додека јавниот повик ќе се реализира согласно со принципот „прв дојден прв услужен“, наведуваат од Град Скопје.

Истакнуваат дека на јавниот повик немаат право на учество жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект со приклучок на градско централно греење без оглед на тоа дали го користат, кои имаат можност за приклучување на системот за централно греење, како и жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект во фаза на градба и не живеат во истиот.

Барањето за издавање потврда за подмирени обврски по основ на данок граѓаните можат да го преземат од http://www.skopje.gov.mk/