|
Снегот изминатите неколку дена непрестојно паѓаше низ Македонија, па на места и направи проблем со електричната енергија, како и на патиштата низ Македонија.
Најголема снежна покривка денеска изутрина имаше на Попова Шапка – 57 см, Маврови Анови – 40 см, Пожаране – 19 см, Крушево – 17 см, Берово и Тетово по 6 см, Виница – 5 см и Ѓуриште – 2 см.
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди почести во јужните делови, ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 9 степени. Во Скопје претежно облачно време со умерен, повремено засилен северен ветер.
Снегот повторно се очекува да паѓа во попладневните часови во петок како и во сабота.