Како бебе бил оставен во контејнер за ѓубре, а денес е директор на компанија вредна 62 милиони долари

ИЗВОРновлист
|

Фреди Фигерс како бебе бил оставен во контејнер за ѓубре. Денес е извршен директор на компанија вредна 62 милиони долари. Тој е роден во градот Квинси, Флорида, САД. Неговата мајка го оставила на буниште бргу по раѓањето. Фреди бил само 2 дена стар кога Нејтан и Бети Фигерс го вдомиле.

Својата фирма Фигерс комјуникејшн, тој ја основал додека бил тинејџер. Исто така тој е сопственик на четири патенти. Кога имал девет години го поправил својот прв калкулатор.

По многу кратко време на неговиот татко му бил дијагностициран Алцхајмер, па момчето изработило специјални патики со вграден ГПС-уред за двонасочна комуникација. Тој изум за кусо време му донел заработка дури од 2,2 милиона долари.

Како што коментираат неговите сограѓани, животната приказна на Фреди е инспирација за многумина.