Како ќе добиваат по 6.000 денари граѓаните без дебитни картички

ИЗВОРНов Лист
|

Законот за финансиска помош за ранливи граѓани е изгласан, по 6000 денари на сметка ќе добијат граѓаните со низок доход, пензионери кои имаат до 15.000 пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица од 16 до 29 години, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници.

Мерката ќе се реализира преку исплаќање на средства на постоечка трансакциска сметка на граѓаните кои веќе поседуваат сметка во банка и дебитна картичка за користење на средствата од истата. За граѓаните кои немаат трансакциска сметка во банка, средствата ќе бидат исплатени на трансакциска сметка која ќе треба да ја отворат кај една од банките која склучила договор со Владата, при што во овој случај банките ќе треба да издадат дебитна картичка од причина што примената финансиска поддршка може да се користи исклучиво со употреба на дебитна платежна картичка.

Ова последното посебно е важно за пензионерите ако се знае сепак дека голем дел од нив сепак немаат картичка. Парите ќе може да се трошат во однапред утврдени дуќани кои продаваат домашни производи и макеоднски услужни субјекти. Од тие дуќани ќе можат да купат со своја дебитна картичка на Пос терминал или Оn-line.

Парите нема да семее да се подигнуваат како готовина, со нив нема да може да се плаќаат производи и услуги на физички и/или интернет (виртуелни) ПОС терминали.