Како влијае млечниот трн врз вашето тело – Извонредниот ефект на силимарин

ИЗВОРНов Лист
|

Бел или Млечен трн вид на трн кој припаѓа на група цветни растенија кои се карактеризираат со лисја со остри боцки на рабовите, најмногу од фамилијата Asteraceae.

Хемиски состав. Главна активна состојка е флаванолигнански комплекс составен од: силибин, силидианин и силикристин, кој се означува со заедничко име силимарин што често се користи и за име на целото растение. Силибининот, исто така познат како силибин, главната активна состојка на силимаринот представува мешавина од два диастереомери, силибин А и силибин Б, во приближно еквимоларен сооднос. Силимаринот го има најмногу во плодовите – “семето”, помалку во листовите и останатите делови од растението. Сепак, само плодот односно семето наоѓа примена во практиката. Покрај силимаринот, сермето содржи и слободен таксифолин, други флавоноиди, слузи, масно масло, смоли и друго.

Силибин
Дејство. Екстрактите од белиот трн и силимаринот покажуваат низа експериментално потврдени дејства, како што се: хепатопротективното, антиоксидативното, антифибротичното, антиинфламаторното и имуномодулаторното дејство. Спречуваат липидна пероксидација, ги стабилизираат мембраните, овозможуваат регенерација на хепатоцити, а особено поволно дејствуваат при вирусни инфекции на хепарот (хепатитис А, В и С), цитрозата и алкохолната цироза.

Поволно дејствуваат при оштетувања на хепарот индуцирани со токсини од различна природа и особено од отровните габи. Покажуваат и антиканцерогена и хипохолестеринемична активност и сл. Сите дејства во најголем дел се должат на активноста на флаванолигнанскиот комплекс – силимарин.

Механизам на дејство.
Хепатопротективниот ефект на екстрактите од белиот трн се остварува преку неколку механизми
•зголемена протеинска синтеза во хепатоцитите и стимулација на црнодробна регенерација,
•антиоксидативна активност и зголемена детоксификациона активност, и
•антиинфламаторно дејство, преку стабилизација на мастоцити, инхибиција на неутрофилите и на инфламаторните простагландини и леукотриени.

Во однос на ефектот врз протеинската синтеза, силимаринот ја стимулира активноста на РНК-полимераза I, со активирање на промоторнато место на ДНК, која полимеразите ја користат како модел за синтеза на рибозомална РНК. Како резултат на зголеменото присуство на рибозомална РНК, расте и регенеративниот капацитет на црниот дроб.

Силимаринската активност како антиоксидант се гледа во неговиот капацитет да ја зголемува хепаталната содржина на глутатион, кој ги детоксифицира различните супстанци во хепарот и го зголемува нивото на ензимот супероксид дисмутаза, кој ја катализира конверзијата на токсичните кислородни радикали (супероксид анјон) во помалку штетен водороден пероксид. Во однос на капацитетот за антиоксидативата активност, за одбележување е фактот дека силимаринот е десет пати попотентен како антиоксидант во однос на токоферолот (витамин Е).

Силимаринот покажува бројни антиинфламаторни ефекти, вклучувајќи ја стабилизацијата на маст-клетки, инхибицијата на неутрофилна миграција и простагландинската и леукотриенска синтеза.