Карантин за Скопје, Тетово, Штип и Куманово од утре 21 до понеделник до 05 часот, предлага Комисијата

|

Предлогот на Комисијата за заразни болести е да се воведе карантин за престојниот викенд за цело Скопје, Штип, Куманово и Тетово од утре во 21 до понеделник до 05 часот, дознава Фокус. Според нивните информации, за другите градови ќе има полициски час од 16 до 05 часот.

Викендов е Духовден или Задушница, кога традиционално, христијаните ги посетуваат вечните домови, се собираат многу луѓе на едно место и се дели храна.

Министерот за здравство Венко Филипче пред некој ден најави дека го имаат предвид празникот и одлука за тоа дали ќе се воведат поригорозни мерки во зависност од тоа како луѓето ќе се однесуваат.

– Сите опции се во игра – рече тогаш Филипче за Задушница.