Кисела вода мириса на чад, гори во Пржино: Од Пожарна откриваат што се случува

|

Цела Кисела Вода мириса на чад, на запалено. Се гледа дим од Пржино.

КУРИР побара одговор што се случува од Ѕвонко Томевски, командирот на Пожарна.

Како што открива тој, пожарот е во напуштена барака во Пржино.

-Интервениравме со три возила и 10 пожарникари. Засега нема информација за причината за настанатиот пожар, открива тој.

Граѓани од Кисела Вода велат дека на повеќе делови од општината се чувствува непријатна миризба за чадот.