Ќе ви бидат укажани добри деловни можности за секоја работа која подразбира креативност – Дневен Хороскоп

ИЗВОРНов Лист
|

Овен (21.03 – 20.04)

Контролата над себе и случувањата се намалени, бидејќи многу нешта се одвиваат спротивно на она што сте го планирале и што се го посакувале. Не се откажувајте и разочарувајте, издржете го брануваниот период. Избегнувајте физичко форсирање.

Бик (21.04 – 21.05)

Деловната ситуација е далеку од она што сте си го замислиле. Уште многу важни работи не се кажани, а се додека се не се случи, не можете сами да напнувате и да одите со глава во ѕид, бидете потрпеливи. Избегнете ги полемиките за нешто на што не можете да влијаете, иако би сакале. Напнати сте.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Имате прилика да започнете заедничка работа со лице кое ви е драго. Секоја работа која има врска со јавноста или е во рамките на некоја уметност може да ви донесе грижи. Љубовта е на ваша страна. Избегнувајте задимени простории.

Рак (22.06 – 22.07)

Доколку контактирате со голем број на соработници, потребна ви е многу подобра концентрација. На вашиот верен пријател му е потребен ваш совет или ваша поддршка. Ве очекува една многу пријатна средба со лице родено во огнен знак.

Лав (23.07 – 22.08)

Шансата да склучите добра работа е на чекор до вас. Ви се препорачува внимателност. Имате впечаток дека многумина имаат нешто против вас или сакаат да ви го преземат доброто работно место. Во љубовта сте прилично воздржани и недоверливи, за што во овој момент немате причина. Внимавајте можни се повреди.

Девица (23.08 – 22.09)

Ако очекувате вести, би можело да бидете малку разочарани за она што ќе го слушнете. Можно е, всушност, вашите очекувања да се преголеми, или ако сте млади, можете да доживеете разочарување во љубовта. Премногу се нервирате за ситници.

Вага (23.09 – 22.10)

Премногу ве исцрпува лошата ситуација во домот или на рбаота. Вашите обиди да ја истерате правдата и на некој нешто да му докажете можат да ве доведе до непријатна ситуација. Имате тенденција максимално да го затегнете односот со партнерот. Можни се проблеми со бубрезите.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ќе морате да бидете далеку поактивни и подоследни, ако сакате нешто да постигнете, бидејќи сте склони на повремена малодушност и повлекување во себе. Немате многу доверба во оние кои ви се отворено наклонети, или се плашите дека би можело да бидете повредени. Можни компликации со срцето.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ќе ви бидат укажани добри деловни можности. Секоја работа која подразбира креативност и познавање на странски јазици ќе ви донесе добивка. Постои можност од заљубување во личност која е позната во јавноста. Ако сте слободни, обратете и внимание на Водолијата. Можно е да ве мачи несоница.

Јарец (22.12 – 20.01)

Ќе ви се укажат некои нови деловни можности, особено ако вашата работа подразбира патување, многу средби, љубезност, комуникативност. Бидете реални кога станува збор за вашите очекувања од партнерот. Ве загрижува здравствената ситуација.

Водолија (21.01 – 19.02)

Искористете го сплетот на позитивни околности и направете нешто што одамна сте планирале или сакале. Во љубовта сте малку незаинтересирани и ладни, што може лошо да се одрази на вашито однос со партнерот. Поведете малку повеќе сметка за здравјето.

Риби (20.02 – 20.03)

Ве одликува посветеноста на она што го сакате. Имате потреба да го изберете неконвенционалниот пат, како во работата, така и во љубовта, и ако сте млади, можете да се заљубите во некој уметник или личност слична на вас. Потребна ви е контрола кога станува збор за храната.