ВИДЕО: Кога Лука Дончиќ ќе ги загуби нервите….

|

Далас славеше против ЛА Клиперс со 102-87 во подготвителниот меч кој се одигра во Ванкувер. Џексон, Порзингис и Дончиќ беа најефикасни во победничкиот тим. Првите двајца постигнаа по 18 поени, а Дончиќ заврши со 15 поени.

Мечот го одбележа и една бурна реакција на Дончиќ по старт на Теренс Мен. Словенецот очекуваше прекршок врз него, но судиите не мислеа така… На крај мораше да интервенира и Марјановиќ за да не дојде до физичка пресметка, па се остана на вербални навреди. На крај, единствено Дончиќ доби казна…