Констракта: Сакам да направам кариера во странство, но нема да пеам на англиски

ИЗВОРНов Лист
|

Ана Ѓуриќ Констракта вели дека би сакала да направи кариера во странство, но да пее исклучиво на мајчин јазик.

– Не би ималa ништо против да направам кариера во странство, но немам амбиција да пеам на англиски. Во моментов сакам малку да се одморам, па ги одложив сите гостувања, само го правам тоа што треба – вели овогодинешната евровизиска претставничка на Србија.

– Порано живеев во мал стан, а сега ми се резервирани станови со големи соби и тераси – изјави неодамна Констракта и истакна дека нема музичко образование, но со музика се занимава 20 години:

-Кога бев помлада размислував да се занимавам со нешто друго, но моите амбиции беа сведени на разумно ниво. Се си дојде на свое место – изјави неодамна Констракта.