Кортни Лав: Џони Деп ми го спаси животот во 1995 година

ИЗВОРНов Лист
|

Кортни Лав, американската пејачка и вдовица на Курт Кобејн, откри дека Џони Деп и го спасил животот во 1995 година, помагајќи и во еден од најтешките периоди од нејзиниот живот, пишуваат британските медиуми.

Во серијата видеа што ги сподели на Инстаграм профилот на нејзината пријателка Џесика Рид Краус, пејачката изјави дека Деп ја оживеал пред клубот Viper Room во Калифорнија откако се пред озирала во 1995 година, изразувајќи поддршка за актерот.

Таа додаде дека Деп и помагал на нејзината ќерка Френсис Бин Кобејн додека таа се лекувала.