Кортни Кардашијан се омажи за Тревис, сите имаа ист коментар за венчаницата (ФОТО)

ИЗВОРНов Лист
|

Кортни Кардашијан и Тревис Баркер се венчаа по трет пат во неделата, на церемонија во италијанското одморалиште Портофино.

Сестрата Кардашијан, која ги изненади сите, дали тоа било преку облеката или бизарното позирање со Тревис, на третата венчавка носеше краток бел фустан „Долче Габана“ од тантела и сатен. Она што на сите им падна во очи е тоа што венчаницата всушност е направена во форма на корсет кој ја истакнува нејзината фигура и ги поттикнува коментарите дека изгледа како да е од филм за возрасни.

Покрај тоа, Кортни носеше екстремно долг превез извезен со цвеќиња и ликот на Богородица, како и виенски ракави кои беа одвоени од фустанот.

Свадбениот аутфит го надополни со бели салонки и дијамантски обетки, додека во рацете носеше романтичен букет црвени и бели рози.